Новогодишна пикантна сарма
Се разлистува главицата зелка. Најмалите листови се редат најдолу во тенџерето во кое ќе се вари сармата. Се сецка ситно кромидот и лукчето, се пропржува на масло да стане стаклест, се додава месото. Се пропржува. Се додава оризот. Се додава црн пипер, зачин и буковката, пожелно е да е малку лута. Се виткаат сармите средно големи и се редат во тенџерето во два реда. Се налева вода и се вари тивко сармата околу 2 часа. Ако е потребно малку се дотура вода. Одкако ќе се свари се попарува со масло за јадење во кое се става црвен пипер и веднаш се прелива преку сармата, не треба многу да е врело маслото за да не изгори црвениот пипер. Се остава на оган уште 10 минути . Ако постои во фрижидер послатка е по ден - два. Добар апетит!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови