Новогодишна декорација на салфета
За време на празниците, за новата година и сите наредни, ќе ви дадам една идеја за декорирање на чиниите со салфета. Многу едноставно, а убаво изгледа.
Убаво е да користите зелени салфети, кој има потемни, а кој како мене посветли, ќе асоцираат на новогодишна елка.
Пратете ги стапките доле покажани на сликите.
Можам со збор некако да опишам но најдобро е да следите доле.
Салфетата ставете ја како што, долниот дел каде е отворен од 4 страни виткајте полека нагоре едно под друго.
Кога ќе завршите со сите 4 краја, превртете од другата страна и удвојте ја салфетата во вид на елка. Види на сликата.
Врвчињата подвивајте ги навнатре едно под друго.
Ќе ја добиете готовата елка. Само со моето пишување нема да се снајдете,но погледнете убаво на сликите.
Убави празници ви посакувам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови