18
окт
2014
Масен леб
1. Малку брашно, млеко, сол, шеќер и квасец измешајте и оставите да стаса
2. Во преостанатото брашно ставете го маслото за јадење, јајцето и стасаниот квасец
3. Замесете меко тесто и оставете го да стаса на топло
4. Стасаното тесто расукајте го на дебелина од 1 цм па премачкајте го со путер
5. Завиткајте го во ролат и сечете парчиња дебелина колку 3 прста
6. Парчињата редете ги во намачкан плех и оставете ги да стасаат
7. Кога се стасани испрскајте ги со вода и ставете ги да се печат во предходно заграна рерна на 200 степени
8. Ова лепче е најубаво топло намачкано со мармалад или џем по желба и чаша топло млеко
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови