Овој зелник кај нас го викаат мрзлив зелник, зошто може секоја нова домаќинка да го направи. Значи нема никој да згреши ако го направи…
Се замесува тестото со сите состојки. Јас никогаш не го стасувам квасецот туку веднаш замрзнат го топам со топла вода додавајки брашно. Сол додавам по потреба 1лажица. Се меси тестото и се дели на два дела. Се остава да надојде. Потоа се сучи кора на која се мачка растопен 100гр-маргарин. Се сечи на делови како на сликата и се преклопува. Така се прави и со другата кора. Се оставаат 20 мин. Потоа се сука голема кора колку плехот и се става на намрснетиот плех .Врз него се става филот со праз,спанак,сирење...по желба.Па одозгора се става другата сучена кора.Се сечи и се остава да се одмори 20мин.Се попрскува со масло 2,3 лажици и се печи 25мин -250С.Кога ќе се зарумени се вади тепсијата и се прска со ладна водичка и се покрива со крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани