Моите индијанки
1. Најпрво се спрема филот. Во сад на оган се вари пудингот и густинот разматени до 300 мл.млеко и 3 лажици шеќер. Кога ќе се добие потребната густина се трга од оган
2. Маргаринот се мати со шеќерот во прав додека не стане пенест и се соединува со изладениот пудинг
3. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги матиме со шеќерот и од кога ќе добијат густина една по една се додаваат жолчките. На крај се става брашното и пецивото. Се меша добиената смеса со лажица и се става во платнен шприц со кружен завршеток
4. Се формираат индијанките и се печат на 200 степени, 5 мин
5. Се филуваат додека се уште топли. Во остатокот од филот се става какао и се декорираат
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови