Подготовка
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки за тесто и се остава да стаса да се дуплира.
Пред да почне да се работи со тестото пресметајте да ја загреете рерната на најсилна температура и решетката за ниво да ја ставите на еден или прво ниво.
2. Откако ќе стаса се вадат топчиња од тестото и не се размесуваат, туку со рака и прсти се расплескуваат. Ако можете со прсти да го развлечете, добро, ако не можете употребете сукало или оклагија ама немојте премногу да го стискате, за да останат меурите воздух во него.
3. Во тавче за пица или обично тавче кое е набрашнето, ставете го тестото. Премачкајте со кечап, нарендајте малку кашкавал, ставете тенки листови шунка, тенки листови свежи печурки и нарендајте убаво кашкавал. Посипете со прстофат или два оригано. За една пица средна големина, од ова тесто се прават околу 4-5 пици.

Е сега некој збор околу печењето. Немаме фурни како што имаат по пицерииве, ама се снаоѓаме и ние домаќинките. Значи температурата треба да ни биде на најсилно, да биде добро загреана рерната. Ја ставаме пицата на решетката која сме ја ставиле на најниско ниво. Кај мене обично кога печам со вентилатор и треба околу 7 минути да се испече, со тоа што по 7 минути ја ставам на дното од рерната, а следната ја ставам на решетката. За минута две, ја вадам таа долу, печена е целосно, а кашкавалот е растопен и не е загорен. Тоа е мојата тактика при печењето. Тестото е меко, а сепак испечено, па може да се каже и нежно крцкаво.
Најубава ми е кога ги користам двете врсти на кашкавал и гауда и мешан кашкавал. Од состојките што се редат врз пицата ставате по вкус и желба.
Пицата не ја стасувам воопшто. Откако ќе го наредам мастрафот веднаш ја печам.

На здравје нека ви е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани