За љубителите на афион...
Многу лесен за правење, не се вклучува мискер од алатка потребно ви е само лажица,

Морате да имате мелен (толчен) афион. Потпечете ги и оревите за да имате подобар вкус.
Да кажам јас овде како го толчам афионот, што верувам дека многумина од ова големо друштво така го спремаат заради тоа што нема друг начин. Некој ќе рече - на машинка за кафе, да, се сложувам, ама не е исто толчен и мелен афион.
- Во тавка го ставам афионот и го печам. Ценам дека е испечен кога земам малку со раката од него, па со прстите тријам и кога видам дека тој лесно се рони и остава мала трага на мрснотија - готов е. Веднаш додека е топол го ставам во дибек ... жезлото во рака (хихи) и толчи. Кога е добро испечен за кратко време тој се толчи. Дека е истолчен ќе видите по тоа што тој веке станал мрсен и сјае... доста е. Одмерете од него 200 гр. и веќе можете да почнете работа.

- Во вангла измешајте ги оревите, афионот, шеќерот, брашното, ванилата, румот, зејтинот, ренданата кора од лимонот и на крај додадете ги јајцата. Со лажица мешајте ги сите состојки се додека се спојат. Истопениот и оладен путер се додава и повторно се меша за да се потворно спои претходната смеса со путерот. Кога е измешано излијте ја добиената смеса во тавка (јас печев во големата тава за печење на Делимано - димензиите совршено одговараат) на која и покрај нејзините карактеристики - сепак ставив хартија за печење. Се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 40 мин.
- Извадете од рерната - одстранете ја хартијата. Пресечете ја добиената кора на два дела - дали хоризонтално и вертикално ке ја сечете тоа вие изберето го, а во зависност што сакате да направите-колкави по големина и какви по форма парчиња сакате да имате.
- Мармаладот загрејте го за да се разреди - со една половина од истиот премачкајте ја едната кора, врз неа ставете ја другата кора и пак премачкајте со мармаладот. Исечете ги парчињата во саканата форма и големина.
Глазура
- Загрејте го виното, измешајте го со шеќерот во прав.. веднаш залијте ги парчињата од колачот. Јас ја правам со десертно вино - сангријата ми е баш-баш убава за глазурата.
Ви останува само да дегустирате.... за Афионо (мако) љупците.... ова е баш погодено. Крајниот резултат е навистина одличен спој на вкусови од ореви, афион, мармалад и како шлаг... глазурата со вино. Мераци...
- Доколку го печете во модлата за срнечкиот грб... или друга правоаголна форма за ролати - тогаш откако ќе биде испечено извадете го од модлата, исечете на половина,( доволно е да го пресечете горниот дел од колачот кој ке биде нерамен и секогаш велам дека е тоа капата), тргнето го настрана, премачкајте со мармалад, вратете го горниот дел назад - повторно премачкајте. Потребно е да се исечат парчињата пред да се налие глазурата затоа што таа е цврста глазура и доколку го залиете целиот колач тогаш при сечењето ке ви се појавуваат пукнатини на самата глазура кое сигурно не сакате да го имате. А ако пак навистина ви е желба да биде колач кој ке го сечете по налевањето на глазурата... има и за ова финта... сечете со топол нож.
Напомена
Веднаш додека е сеуште во многу течна состојба глазурата нанесувајте ја... (јас заради сликањето денес бев во дворот, не стигнав да ја налијам баш како што требаше и сакав - многу бргу се згусти ( хихи - си добив едно цело животинско царство ), па затоа ве предупредувам... да не ја направите истата грешка и вие.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани