Подготовка:

1. Месото исечете го на коцки и пропржете го на маслото
2. Извадете го месото од тавата, додајте го исечканиот кромид и него испржете го. Во кромидот додајте ја и лажицата брашно и измешајте. Додајте го лукчето, па вратете го месото и пржете уште две-три минути.
3. Ставете ја водата, зачинете, покријте ја тавата со капак и варете на тивок оган отприлика час и половина. Пред крајот додајте ја и павлаката, сокот од лимонот и нека повари уште некое време, додека не се добие убава каша.
Одозгора наросете ја буковската пипер и исечканиот магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови