Едноставни миризливи лепчиња за појадок.
Прво во млаката вода се ставаат квасецот и шеќерот со малку брашно.
Нека се активира, па се замесува тесто понамеко.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа се дели на 8 парчиња.
Се сучат долгнавести форми се редат во ростер тава по 4.
Се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам киснат уште 20 минути и се печат 15 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани