Мини пици
1. Квасецот со лажичка шеќер малку брашно и топла вода се остава да се активира и да нарасне.
2. Во сад за месење се промешува брашното и солта, се додава масло, јајца, активираниот квасец и со млакиот јогурт се замесува меко тесто. Се остава на нарасне 30 мин и да го удвои волуменот
3. Веќе нараснатото тесто повторно се размесува и се дели на 20 топчиња. Од секое топче се сучи кора со пречник од 12 см
4. Врз секоја од мини пиците се става кечап или доматно пире, рендан кашкавал, сувомеснато по желба и печурки.
5, Двете преостанати јајца се матат и од нив по малку се става на секоја пица.
6. Се оставаат да нараснат уште 15-тина мин (додека се загрева рерната) и се печат на 180-200 степени 10 до 15 мин.
Совет- За да не ви се *надуе* средината на пиците пред да се стави кечапот на неколку места избоцкајте ги со челкалка)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Весна, многу убави изгледаат мини пициве:)