Испечати

Мини пици

Мини пици

Состојки

  • за тесто
  • 2 јајца
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 мало лажиче сол
  • 1 мало лажиче шеќер
  • 1 филџан (130 мл) масло
  • 500 мл јогурт
  • по потреба (800-900гр) брашно
  • за фил
  • по потреба кечап или доматно пире
  • 100 гр сувомеснато по избор ( шунка, чајна салама, печеница....)
  • 100 гр млечен кашкавал
  • 100 гр свежи печурки исечени на листови
  • 2 разматени јајца

Подготовка

1. Квасецот со лажичка шеќер малку брашно и топла вода се остава да се активира и да нарасне.
2. Во сад за месење се промешува брашното и солта, се додава масло, јајца, активираниот квасец и со млакиот јогурт се замесува меко тесто. Се остава на нарасне 30 мин и да го удвои волуменот
3. Веќе нараснатото тесто повторно се размесува и се дели на 20 топчиња. Од секое топче се сучи кора со пречник од 12 см
4. Врз секоја од мини пиците се става кечап или доматно пире, рендан кашкавал, сувомеснато по желба и печурки.
5, Двете преостанати јајца се матат и од нив по малку се става на секоја пица.
6. Се оставаат да нараснат уште 15-тина мин (додека се загрева рерната) и се печат на 180-200 степени 10 до 15 мин.

Совет- За да не ви се *надуе* средината на пиците пред да се стави кечапот на неколку места избоцкајте ги со челкалка)