Подготовка

1. Путерот и брашното ги втриваме со прсти во подлабок сад, го додаваме шеќерот, ванилата жолчките и млекото. Оформуваме тесто, го делиме на три или четири дела (јас правев 3 галети), го виткаме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер 2 часа.
2. Овошјето го миеме. Јас користев рибизли, боровинки и цреши. Секој вид на овошје во посебен сад го измешав со по 1 лажица густин и 1-2 лажици шеќер, додадов малку сок од лимон и измешав убаво. Црешите се без семки и исечени на половинки. Користев количина од око (околу полна шака овошје по галета).
3. Тестото го вадиме од фрижидер, едно по едно. Расукуваме кора, го редиме овошјето на средина на галетата и рабовите ги превиткуваме навнатре. Додека ја спремаме следната галета претходната стои во фрижидер. Ги оставаме да отстојат во фрижидер уште најмалку 15 минути. Јас работам на хартија за печење и така ми е полесно да ги преместувам од работна површина во фрижидер и потоа на плех и во рерна.
4. Рерната ја загреваме на 180 степени, ги вадиме галетите од фрижидер, ги премачкуваме со разматено јајце, редиме листови бадем, може да се пороси и со крупен кафеав шеќер и печеме додека да се добие убава боичка (35-40 минути).
Може да се послужи со матена слатка павлака или со топка сладолед.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани