Квасецот со дел од млаката вода, малку брашно и шеќер се остава да стаса.
Потоа, од сите наведени состојки се измесува хомогено тесто. Се остава да нарасне на топло додека не се удвои содржината. Кога е готово тестото, го премесуаме и од него се кинат мали парчиња кои со рака ги оформуваме во вид на малечки топчиња. Се редат во подмачкан плех, се премачкуваат одозгора со жолчката и се посипуваат со сусам и над секое се става малечко парченце маргарин. Печиме на температура од 200 степени околу 15-20 степени, додека одозгора не добијат убава боја. На здравје!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови