Мешана салата
Карфиолот го киниме на парчиња.пиперките, краставичките и морковите ги сечиме на парчиња, но не многу ситни. Сите заедно ги мешаме во поголемо тенџере заедно со шеќерот и солта и ги оставаме да седат 2 -3 часа за да пуштат течност.
Кога ќе има течност во тенџерето, во друг сад на оган ги зовриваме маслото и киселината и ја додаваме течноста од зеленчукот и вариме околу 10 минути. Ја оставаме течноста да се излади, а во меѓувреме зеленчукот го собираме во тегли и секоја тегла ја полниме со оладеното солило. Убаво ги затвораме теглите и веќе наредниот ден салатата е спремна за јадење !!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови