Мафини со сливи
Овие мафини се едни од највкусните што ги имам пробано. Можат да се прават и без кардамом ама мое мислење дека ако имате да пробате со кардамом, бидејки навистина се превкусни со зачинот.
Се бијат јајцата со шеќерот убаво.
Путерот се топи и се додава млекото во путерот.
Се додават во јајцата и се меша убаво.
Во чинија се меша пециво, кардамом и брашно и се додават во течноста. Во калап за мафини се реди корпиња. Се истура смесата 3/4 во калапот. Сливите се сечат на поголеми делови и се стават по 2 или до 3 парчиња во секој мафин. Се печат во загреана рерна на 225 степени одприлика 10 мин. Превкусни се!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови