Од овие количини направив 13 мафини.

Подготовка:

1. Основа- Во блендер ги ставаме урмите, оревите и овесните снегулки. Блендираме. Во калап за мафини, во кои претходно ставивме хартиени корпи, ставаме по 2-3 лажици од смесата. Притискаме со лажица.
2. Вишна фил- вишните ги миеме и им ги вадиме коските. Ги блендираме. Изблендираните вишни ги ставаме во длабок сад на оган, на средна температура. Вариме околу 10тина минути со постојано мешање. Го додаваме агаве сирупот, промешуваме. Смесата ја тргаме на страна и го додаваме кокосовото млеко. Во мал сад го ставаме желатинот, додаваме вода. Оставаме желатинот да набабри. На тивок оган го ставаме желатинот да се стопи. Стопениот желатин го додаваме во филот, промешуваме. Филот го оставаме околу 20тина минути да се излади.
3. Кафеав фил- во длабок сад ги ставаме путерот од кикиритки, таанот и медот. Промешуваме. Во средината на основата за мафините ставаме по 1 мало лажиче од кафеавиот фил.
Во хартиените корпи ставаме по неколку лажици од филот од вишни, да се покрие кафеавиот фил. Калапот за мафини го ставаме во фрижидер, додека не се зацврсти вишна филот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани