Лесна едноставна подготовка на мармалад во помали количини.
Измијте ги дуњите и исчистете ги убаво.
Ставете ги во сад на оган.
Полијте ги со вода.
Јас на 5 големи дуњи ставив 250 гр шеќер и литар ипол вода.
Оставете да се варат на тивко. Повремено промешајте ги.
Нека се варат така, нека крчкаат околу 3-4 часа.
Вода нема доставување.
Се варат со затворен капак и на тивко.
Јас ги варев на шпоред на дрва и садот ми бешена крајот од огнот.
Кога дуњите ќе ја сменат бојата и целосно ќе се разварат со многу малку течност ( уствари тоа е веќе шербетчето ), се префрлаат во блендер и се блендираат добро.
Вратете само уште еднаш на оган околу 5минути и ако сакате ванила додадете си. Јас не ставив.
Соберете во тегличка и почекајте да излади, па затворете.
Јас ги чувам во фрижидер затоа што веднаш почна да се конзумира мармаладот.
Ако имате и вие малку дуњи, еве како да ги искористите.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови