Маринирани печени пиперки (зимница)
- Испечете го пиперот, излупете и исчистете од семето. Ставете во подлабок сад (можете да ги исецкате, а можете и цели пиперките да ги оставите-изборот е ваш)
- Во пиперките додадете го исецкан морковот, излупениот лук, сецканиот магданос, солта, шеќерот, маслото и оцетот. Промешајте, покријте и оставете во фрижидер да одстојат најмалку 3 часа за кое време повремено (2-3 пати) промешајте ги. Ако ги ставате цели пиперките внимавајте да не ги раскинете при промешувањето.
- По изминатото време спакувајте ги во теглите, налијте од саламурата која останува во садот, затворете добро капачките и пастеризирајте ги во вода околу 10 мин. (времето го рачунате откако зоврела водата)
Лесно, а вкусно... да се има за во зимата.
Значи состојките се однесуваат за 1 кгр. непечени пиперки, останува да си дуплирате за повеке од овие предобри пиперки. Јас направив едни сецкани, а едни со цели пиперки.
Лиценца: Сите права се задржани