Манџа со кељ и ребра од дива свиња
Манџава беше вистинска гозба. Бидејќи е со месо од дива свиња, треба малку повеќе време, ама на крај се исплати чекањето.
Подготовка:
1. Најпрвин направете мешавина од сецканата жалфија, сецкани рузмарин, каранфилчињa, бобинки од смрека, благо притиснати сo нож, сол, бибер и мешан сув зачин.
2. Ребрата убаво премачкајте ги со масло, а потоа со мешавината од зачини. Оставете вака да отстојат во фрижидер 18 часа.
3. Во тенџере на оган ставете маслиново масло. Наредете ги ребрата и пропржете. Додајте го сецканиот кромид и лук и пржете заедно додека кромидот малку омекне. Додајте го виното, покријте со капак и оставете на среден оган додека виното испари. Налејте ја топлата вода и додајте ги ливчињата ловор.
Покријте и оставете на среден оган да се готви 2 часа.
4. 20 минути пред крај, додајте ги крупно сецканите суви пиперки, морковите исечени на кругови и кељот исечен на покрупни тенки парчиња. Доколку има потреба додајте сол.
Лиценца: Сите права се задржани
Rucek za merak, odlicennnn