Испечати

Манџа со кељ и ребра од дива свиња

Манџа со кељ и ребра од дива свиња

Состојки

  • 1,5кг. ребра од дива свиња
  • 1 голема главица кељ
  • 5 големи главици кромид
  • 2 големи чешниња лук
  • 3 моркови
  • 3 суви пиперки
  • 1 чаша(од 200мл) црвено вино
  • 4 свежи листови ловор
  • 4 каранфилчиња
  • 5 бобинки од смрека
  • 5 ливчиња свежа жалфија
  • 1 големо гранче рузмарин
  • по потреба сол, црн бибер, мешан сув зачин, масло, маслиново масло
  • 1.6литри топла вода

Подготовка

Манџава беше вистинска гозба. Бидејќи е со месо од дива свиња, треба малку повеќе време, ама на крај се исплати чекањето.

Подготовка:

1. Најпрвин направете мешавина од сецканата жалфија, сецкани рузмарин, каранфилчињa, бобинки од смрека, благо притиснати сo нож, сол, бибер и мешан сув зачин.

2. Ребрата убаво премачкајте ги со масло, а потоа со мешавината од зачини. Оставете вака да отстојат во фрижидер 18 часа.

3. Во тенџере на оган ставете маслиново масло. Наредете ги ребрата и пропржете. Додајте го сецканиот кромид и лук и пржете заедно додека кромидот малку омекне. Додајте го виното, покријте со капак и оставете на среден оган додека виното испари. Налејте ја топлата вода и додајте ги ливчињата ловор.
Покријте и оставете на среден оган да се готви 2 часа.

4. 20 минути пред крај, додајте ги крупно сецканите суви пиперки, морковите исечени на кругови и кељот исечен на покрупни тенки парчиња. Доколку има потреба додајте сол.