Малина чизкејк
Мелените бисквити и лешници ги ставаме во подлабок сад, го додаваме шеќерот и ренданото бело чоколадо. Млекото го затоплуваме и во него го топиме путерот/маргаринот. Потоа се заедно мешаме, убаво замесуваме и го истураме во калап за торта број 26, убаво натапкуваме и израмнуваме. Го ставаме во фрижидер да се олади и стегне. Потоа го матиме маскарпонето со шеќерот во прав, а во друг сад слатката павлака, потоа ги соединуваме, истураме врз слојот со бисквита израмнуваме и ставаме да се лади во фрижидер повторно. Малините ги блендираме со малку вода и ги процедуваме за да нема семки. Потоа додаваме вода дури да добиеме 600 мл течност. Ја вариме течноста со шеќерот во тенџере на оган ( може повеќе или помалку шеќер по вкус). Кога ќе зоврие го тргаме од оган, го додаваме желатинот. И оставаме да се олади, но не и да се стегне, кога е ладно но доволно течно истураме врз слојот од сирење. Оставаме во фрижидер да се лади неколку часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови