Малинасти колачиња со црвено вино (посно)
Кога виното и љубовта ќе се соединат, се создаваат колачиња совршено меки, како ванилици, ама во нив нема ниту путер ниту мармалад и плус се посни.
Подготовка
1. Сувите состојки ги соединуваме па ги додаваме маслото и виното.
2. Замесуваме компактно тесто и веднаш го расукуваме со дебелина од 5 мм.
3. Сечеме кругови и во половината од круговите сечеме со калапче срце.
4. Ги печеме во рерна на 190 степени со вентилатор, околу 15 минути.
5. Откако ќе се изладат врз круговите ставаме мармалад и ги лепиме со круговите во кои сме издлабиле форма на срце.
6. Ги сервираме и ги посипуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Пратете ги при печењето бидејќи не треба да потемнат, а слабо треба да ја сменат бојата. И кога ќе ги допрете додека се печат треба сепак да бидат мекички. Кога ќе се изладат ќе се стврднат, а пак кога ќе се спојат со џем и отстојат се совршено меки.
Лиценца: Сите права се задржани