Превкусен сос кој одлично се вклопува со сварени тестенини, или може да биде одлична основа, врз тесто за пица. Пробајте

Подготовка:

1. Прво измиените домати ги лупиме и ги сецкаме на коцки. На измиените пиперки им го одстрануваме семето. И нив ги сецкаме на коцки. Вака подготвени ги ставаме во тенџере.
2. Додаваме сецкани чили пиперчиња, шеќер, сол, бибер. Оставаме на тивок оган да се крчка. Повремено промешуваме.
3. Отприлика после 30 минути варење, ги поминуваме со стапчест миксер. Го додаваме маслото и оставаме да се крчка уште отприлика 30 минути. Треба да биде убаво згуснат сосот.
Јас го поминав и низ цедалка, со цел да ги отстранам семките од доматите, што и не е задолжително.
Сервираме со сварена паста, сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани