Навистина се однесува како лудо. Од него можете да правите што ќе ви притекне во моментот тиганици, кифлички, ролнички, погачки, пици (помеко тесто - здравје)
 
- Во сад загрејте го млекото до млако, додадете шеќерот и квасецот, разматете и оставете да се запени.
- Во друг сад измешајте ги двата вида на брашно со пецивото, солта и шеќерот.
- Јајцата лесно сматете ги и измешајте со јогуртот. Додадете и зејтинот.
- Откако квасецот стасал, додадете го во садот кај брашното, замесете тесто додавајки ги и јогуртот и јајцата.
- Измесете тесто, а ако ви се лепи уште за раката додадете си малку брашно.
- Добро измесеното тесто ставете го во најлонска кеса, истискајте го воздухот и заврзете, ставете во фрижидерот.
После 4 часа стоење тоа е спремно за работа, правете што ќе посакате.

Совет
- Каде и да прочитате за ова Лудо тесто секаде ке сретнете дека треба добро да се истисне воздухот и да се заврзе. Јас не би се сложила. Ако сакате да немате полн фрижидер со тесто тогаш оставете му простор на тестото да ја наполни кесата затоа што лесно може да ви пукне . Ќе гледате со широко отворени очи - полн фрижидер тесто, ќе истече. Јас за секој случај да не си најдам не планирана работа го ставам во две кеси (една во друга), му оставам малку простор при стасувањето, но сепак не многу.
- Може да стои до 5 дена максимум 7, што не верувам дека ќе стои, па бргу го снемува.
- Спрема вашата потреба едноставно земајте од тестото и правете тоа што сте го наумиле. Идеално за пици, тиганици, мекици (ако расукате кора на побрашнета површина и вадите со модла) Дозволува сукање во дебелина рачуната во милиметри.
Чашата за јогуртот е од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани