20
ное
2018
Лотки од модар патлиџан
По неколку години повторно се враќам на оваа прекрасна страна и тоа со многу лесен, но вкусен рецепт.
Најпрво модрите патлиџани ги сечеме на половина. Од секој половина го вадиме средишниот дел кој го сечеме на ситни коцки.
Празните половинки ги ставаме во плех на хартија за печење. Ги полниме со смеса од сечкани модри патлиџани, сечкан домат, сечкана лута или блага пиперка, сечкана тиквичка.
Печеме на 180 степени 20 минути.
Правиме смеса од 1 матено јајце, сирење и презла и ги полеваме половинкте модар патлиџан. Печеме уште 10тина минути.
Лесно и вкусно.