Ова според мене е најубавата и највкусната баклава, кој пробал знае.

Најпрво го подготвуваме филот. Го истураме киселото млеко во еден поголем сад, потоа канчето ни служи за мерка за шеќерот и зејтинот. Ги додаваме сите состојки со прашокот за пециво и мешаме со миксер 1-2 мин, да се добие хомогена смеса.

Започнуваме со редење, го подмачуваме плехот со зејтин и ставаме една кора па премачкуваме од филот, па втора кора, па на третата од филот и плус поросуваме од оревите. Оревите малку во сецко да не се мелени туку како кршени на покрупни парчиња. И продолжуваме така да редиме до крај.

Кога сме веќе готови ја сечеме на коцки или на триаголници , по ваша желба.
Се пече на 180 С околу 25 - 30 мин додека да порумени убаво.

Ја оставаме на страна да се одмори и излади и откако е изладена го подготвуваме шербетот.
900 гр шеќер со 500 мл вода и парчиња лимон се оставаат да зовријат. Откако ќе почне да врие чекаме точно 8 мин и шербетот е готов, поливаме убаво и полека врз баклавата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови