Вкусен, ароматичен ликер. Ќе го ставиме во категорија полуСОВРШЕН бидејки се чека 15 дена пред да се консумира =)) Имам уште два ликери што се ставени, тие се чекаат по 50 дена (седнува и почнува да плете од досада) =))

Стапчето ванила ставете го во ракијата. Нека одстои 2 дена, потоа процедете и додадете го медот. Чувајте го во стаклено шише 15 дена, потоа може да се користи.

Јас стапчето ванила го расеков на половина и го оставив цела недела во ракијата. Кога го отворив по два дена, не ја почувстував аромата од стапчето и затоа го оставив малку подолго.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани