
6
авг
2014
Леќа со пилешки гради
Се става леќата да се вари додека не омекне. Потоа ја фрламе првата вода и повторно ја оставаме леќата да се вари со чиста вода, го додаваме доматниот сос, мешан зачин, сол, црн бибер, ситно сецкан морков, ситно сецкан кромд, малку масло и ситно исецканите пилешки гради (може да додадете било какви зачини и магданос). И се вари околу 15-20 минути.Треба да се внимава да има повеќе вода во леќата, а доколку испари да се додаде во процесот на варењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови