Испечати

Леќа со пилешки гради

Леќа со пилешки гради

Состојки

  • 250гр леќа
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • малку масло
  • малку мешан зачин, сол и црн бибер
  • доматен сос
  • чадени пилешки гради (може и колбаси) - по желба

Подготовка

Се става леќата да се вари додека не омекне. Потоа ја фрламе првата вода и повторно ја оставаме леќата да се вари со чиста вода, го додаваме доматниот сос, мешан зачин, сол, црн бибер, ситно сецкан морков, ситно сецкан кромд, малку масло и ситно исецканите пилешки гради (може да додадете било какви зачини и магданос). И се вари околу 15-20 минути.Треба да се внимава да има повеќе вода во леќата, а доколку испари да се додаде во процесот на варењето.