Гозбаааааааа......

За подготовка на ражничи со свинско месо

Прво свинското месо го сецкаме на коцки.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата и соединуваме.
Тука го додаваме и свинското месо, промешуваме за убаво секое парченце се натопи со маринадата.
Садот го поклопуваме и го оставаме во фрижидер да одстои барем 1 час.
Потоа стапчињата за ражничи ги натопуваме со вода.
Наизменично редиме парченце месо, пиперка, домат, кромид, месо....
Ги ставаме во сад на страна, покриени со фолија.

За подготовка на ражничи од мисиркино месо

Сите состојки за мисиркините топчиња ги ставаме во сад, убаво со рака го измесуваме месото и поклопено го оставаме во фрижидер да одстои барем 1 час.
Потоа јас од мисиркиното месо напарвив плескавици и мали топчиња.
Потоа стапчињата за ражничи ги натопуваме со вода.
На секое стапче ставаме топче од ароматичното мисиркино месо, парче таааано сечена тиквича, шери домат, топче мисиркино месо, ....
Сега скарата ја загреваме и ги печиме раженчињата на умерен оган од двете страни.
Ги сервираме со сезонска салата и со прилог по желба...помфрит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани