Испечати

Ражничи - две верзии

Ражничи - две верзии

Состојки

  • Состојки за ражничи со свинско месо
  • 300гр свинско месо
  • 1 пиперка
  • 1 црвен домат исчистен од семките
  • 1 црвен кромид, сечен на четвртини
  • За маринирање- оригано, масло, сол, бибер, малку сок од лимон
  • Состојки за ражничи со мисиркино месо
  • 300гр мелено мисиркино месо
  • 1 црвен кромид
  • 1 јјаце
  • 1 парче двопек и вода или млеко за да се натопи, омекни , па процеди,
  • 3 ленти чадена сланина
  • 1 чили пиперче
  • 1 шери домат, исчистен од семето
  • 3-4 гранчиња мајчина душичка
  • 1/4лажиче сенф
  • сол, бибер, магдонос.

Подготовка

Гозбаааааааа......

За подготовка на ражничи со свинско месо

Прво свинското месо го сецкаме на коцки.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата и соединуваме.
Тука го додаваме и свинското месо, промешуваме за убаво секое парченце се натопи со маринадата.
Садот го поклопуваме и го оставаме во фрижидер да одстои барем 1 час.
Потоа стапчињата за ражничи ги натопуваме со вода.
Наизменично редиме парченце месо, пиперка, домат, кромид, месо....
Ги ставаме во сад на страна, покриени со фолија.

За подготовка на ражничи од мисиркино месо

Сите состојки за мисиркините топчиња ги ставаме во сад, убаво со рака го измесуваме месото и поклопено го оставаме во фрижидер да одстои барем 1 час.
Потоа јас од мисиркиното месо напарвив плескавици и мали топчиња.
Потоа стапчињата за ражничи ги натопуваме со вода.
На секое стапче ставаме топче од ароматичното мисиркино месо, парче таааано сечена тиквича, шери домат, топче мисиркино месо, ....
Сега скарата ја загреваме и ги печиме раженчињата на умерен оган од двете страни.
Ги сервираме со сезонска салата и со прилог по желба...помфрит...