Летна манџа со лук и босилек
Едноставна летна манџа...едно од моите омилени јадења. Ако немам лук, ништо не сум направила, воопшто не ми се допаѓа ова јадење без лук. Ако немам босилек, ставам понекогаш свеж магданос, исто е многу вкусно. Друго ништо не менувам, бидејќи оваа комбинација ми е совршенство.
Подготовка
Пиперките, измијте ги, избришете ги и исецкајте ги. Ставете ги во соодветно тавче за пржење, во кое претходно сте ставиле масло.
Пржите додека да омекнат. Потоа, додадете ги излупените и исецканите домати. Додадете сецкан лук, сол и босилек. Често промешувајте. Пржите уште десетина минути на умерен оган и летната манџа ви е готова.
Летната манџа послужете ја со домашно сирење и домашен топол леб.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Omileno nesto.