Овие прекрасни кори ми ги направи сестра ми со домашни јајца.
Е па фала сестро да си здрава и жива.
Најчесто ги спремам во зима кога сум премрзната и во комбинација со лут ајвар ми ја топлат душата.
Едноставни и брзи за подготовка.

Во касерола се налива околу 600-700 мл вода и се додава сол.
Кога водата ќе почне да врие се додаваат корите и се вари на тивко.
Во друг сад на оган се става масло, може и маст и се додава фидето да се запржи.
кога корите се пред крај внимателно се додава фидето, бидејќи може да прска.
Убаво се промешува и кога испарила цела вода се сервира со парче сирење и по желба лут ајвар.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани