За 30 минути имате, без месење, брзи и вкусни лепчиња кои во комбинација со хумус и зеленчук се одлична комбинација за доручек. Ги правев до сега два пати, еднаш со јачменово, а следниот пар со ‘ржано брашно.  Нас ни се допаднаа и двете комбинација, може со мала предност имаа тие со јачменово брашно.

Подготовка:
1. Семињата ги ситниме во блендер. Во длабок сад ги ставаме семињата, го додаваме брашното, солта и пецивото, промешуваме. Го додаваме маслото и постепено јогуртот. Промешуваме да се соединат состојките.

2. Смесата која ќе се добие е малку леплива.  Доколку имате потреба, рацете намачкајте ги со масло и формирајте лепчиња. Редиме ги на плех обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна со вентилатор на 180 степени околу 20 минути, зависно од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани