Лепчиња со семки
Состојки
- 100 гр семиња ( ленено, сончоглед, сусам и семки до тиква )
- 170 гр јачменово или u2018 ржано брашно
- 3 лажици ленено масло( може и маслиново)
- ½ пециво
- 1 лажиче сол
- 150 мл јогурт
Подготовка
За 30 минути имате, без месење, брзи и вкусни лепчиња кои во комбинација со хумус и зеленчук се одлична комбинација за доручек. Ги правев до сега два пати, еднаш со јачменово, а следниот пар со ‘ржано брашно. Нас ни се допаднаа и двете комбинација, може со мала предност имаа тие со јачменово брашно.
Подготовка:
1. Семињата ги ситниме во блендер. Во длабок сад ги ставаме семињата, го додаваме брашното, солта и пецивото, промешуваме. Го додаваме маслото и постепено јогуртот. Промешуваме да се соединат состојките.
2. Смесата која ќе се добие е малку леплива. Доколку имате потреба, рацете намачкајте ги со масло и формирајте лепчиња. Редиме ги на плех обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна со вентилатор на 180 степени околу 20 минути, зависно од рерната.