Лепче со овесни снегулки
Лепчето многу лесно се прави и многу е вкусно.
Ако го сакам појке црно лепчето ставам наместо овесни снегулки.
480 г брашно
360 г 'ржано брашно
1. Во сад се става квасецот со млекото и водата да се стопи.
2. Се додава солта, брашното и овесот и се меша со миксер некоја минута. Тестото ќе се лепи и така треба да биди. Се остава да стаса 1 сат покриено со крпа.
3. На маса се става чиста крпа поросена со појке брашно.
4. Се прави топка од тестото со појке брашно и се витка во крпата. Да стаса уште 30 мин.
5. Дури стасува, рерната на 250 да се загрее. Лепчето се пече во железна тава или во тенџере со капак.
6. Се става исто железната тава или тенџерето во рерната без капак.
7. Од кога ќе стаса тестото се вади железната тава и се поросува со брашно на дното. Без брашно ќе се залепи лепчето. Ако се прави во тенџере се вади тенџерето, се става мрсна хартија внатре и се поросува со малце брашно.
8. Се става тестото во тавата или тенџерето и се заклопува со капакот.
9. Се пече малце подолу во рерната со капак 20 до 25 мин на 250 степени. После 25 мин се вади капакот и се намалува рерната на 225 степени и се пече уште 20 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови