Лепче на скара
Во исто време кога се пече се друго на скара може и лепчето, превкусно е!!
1. Во сад се става квасецот и ладната вода, да се стопи квасецот.
2. Се додава сол, масло и брашно и се меси убаво тесто.
3. Се мачка со раце тестото со малце маслиново масло и се остава да стаса во садот 1 час.
4. На поросена маса со брашно се вадат 10 топчиња од тестото и пак се остават да стасаат уште 30 мин.
5. Се сучат долгунести форми и се боцкаат со вилушка. Се мачкат со маслиново масло на двете страни и се поросуват со морска сол. Се стават на скара и се печат некоја мин.
Може да се стави и лукче во маслото кога се мачкаат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови