Лазањи
Ова се класични лазањи, но сепак подготвени се на мој начин, и, превкусни се.
1. Кромидот го сечкаме ситно, посолуваме и почнуваме да го пржиме со меленото месо. Штом ќе подиспари течноста, додаваме црн пипер, оригано и сув зачин.
2. Потоа го ставаме првин црвениот пипер па доматното пире, мешаме и уште малку оставаме да крчка на тивко.
3. Во друго тавче го запржуваме брашното со путерот/маргаринот, ставаме сув зачин и постепено го тураме млекото мешајќи постојано додека да згусни.
4. Со бешамел сосот го подмачкуваме дното на земјената тава, редиме 1 ред од лазањите. Од сосот оставаме малку за да го премачкаме подоцна најгорниот дел од лазањите.
5. Јас го соединувам бешамел сосот со делот со мелено месо, така ми е полесно. Распоредуваме од смесата на првиот ред лазањи, па распоредуваме кашкавал, ставаме 2 ред лазањи, смеса - кашкавал, 3 ред лазањи, смеса - кашкавал и завршуваме со лазањи кои ги премачкуваме со дел од бешамелот што го тргнавме на страна.
Пак распоредуваме кашкавал и тавата ја ставаме во рерна, пуштаме на најсилно и штом загрее, намалуваме на 200 степени, печеме околу 40-тина минути со фолија, потоа ја тргаме фолијата и потпекуваме уште малку.
(502)
Лиценца: Сите права се задржани