1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на масло додека не омекне. Го додаваме меленото месо и убаво заедно го пржиме додека не се зацрви. на крај додаваме ситно сечкано чадено месо и го пропржуваме колку да промириса. Го истураме доматното пире, сол, и три лажици оригано. На тивок оган оставаме да се покрчка десетина минути.
2. Лазањите ги редиме во тава (јас ги спремам во тавата (плех) од рерната) во еден ред, па истураме една третина од сосот со месо. Редиме втор ред лазањи, па втората третина месо и преостанатите лазањи и најгоре ја дотураме целата смеса од месо.
3. Го спремаме бешамел сосот на стандардниот начин, со додавање на млеко малку по малку за да ја добиеме саканата густина. Со врелиот бешамел ги преливаме лазањите и протресуваме да влезе секаде низ тавата. Рендаме кашкавал, покриваме со фолија и ставаме во рерна на 200 степени околу 1 час.
Кога сосот ќе се згусне а лазањите се кинат лесно со вилушка, ја отстрануваме фолијата и враќаме 5-6 минути на максимален оган да се потпече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови