13
фев
2015
Куглоф со јогурт
Половина час пред подготовка на десертот сувото грозје се става во узо, да набабри.
Јајцата се матат со шеќерот, па се додава масло и јогурт. Пецивото и какаото се мешаат со брашното и лажица по лажица се додаваат во смесата. Се ренда кора од еден лимон и на крај се додава сувото грозје.
Се печи во калап, во загреана релна.
Кога е готов куглофот и изладен, на оган се става млеко со шеќер и какао, се меша и се загрева додека смесата не стане хомогена. Се потура куглофот и може да се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови