Куглоф со желе бомбони
Еве и од мене еден рецепт во низата на зададената тема.
Куглофот е многу вкусен, посебен шмек добива и на вкус и изглед од желето бомбони.
Најнапред желето бомбони ги сечкаме и полеваме со рум. Нека отстојат најмалку 30 мин. Потоа добро ги цедиме.
Јајцата ги матиме со солцата, шеќерите, па се додава маслото (матејки со помала брзина), киселото млеко и на крај брашното и пецивото. По желба се додава малку од румот со кој беа потопени бомбоните.
Се излева половина од смесата во подмачкан и побрашнет калап куглоф.
Се става да се печи во претходно загреана рерна и тоа најпрво 10 мин. на 180 степени, да фати коричка, па ги додаваме бомбоните, се излева и другата половина и продолжуваме со печење уште околу 30-35 мин. на 180 или зависно од вашата рерна, до сува чепкалка.
Нека одмори малку кексот во калапот, па го вадиме. Кога целосно ќе излади, сечиме парчиња.
Желето бомбони при печењето се растопуваат и го обојуваат кексот.
На здравје!