Подготовка

1. Измешајте ги сите состојки освен брашното.
2. Кога ќе добиете изедначена смеса, додавајте од брашното малку по малку, се додека да добиете смеса како на сликата долу, малку погуста од каша, а послаба од тесто. Оставете ја да отстои 15 минути.
3. Маслото истурете го во подлабоко тенџере и загрејте го до вжештување. Јас пробував дали е доволно жешко со помош на лажица или вилушка, ако околу неа се собираат меурчиња, тогаш е таман.
4. Со лажиче земаме од смесата, а со друго потурнуваме во врелото масло да се пржат, и постојано ги вртиме, за да се испржат добро, а да не изгорат. А температурата на маслото мора да биде средна, за да се постигне тоа.
5. Се вадат на хартија, се јадат со мармалад, со чоколаден прелив, еурокрем, шеќер. Преубави се и пребрзи за изработка.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови