10
фев
2021
Кроасани со крем
1. Во млако млеко се става квасецот со шеќер да стаса, потоа се става брашното заедно со јогуртот и јајцата, и се меша да се добие меко тесто.
2. Тестото се дели на 8 дела и се остава да стои 15 мин. Потоа се растегнува првото топче и се премачкува со растопен маргарин и исто се повторува секое едно врз друго, а на последното не се става маргарин. Се остава да отстои 15 мин. и се растегнува голема кора и се сече на делови се става крем и се моткаат.
3. Се редат во тавче се оставаат да стасаат 1 час зависи од температурата во собата потоа пред печење се премачкуваат со јајце и одозгора ставам и маргарин и се печат во загреана рерна на 200 С да заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови