Крешенто колачиња
Популарните Крешенто колачиња, првпат во моја изведба. Некои ги спојуваат со растопено чоколадо и путер, некои со еурокрем... А и без ништо се превкусни. Брзи и лесни за правење, отсега дефинитивно често застапени кај нас како десерт. Пробајте ги и вие...
1. Се меси тесто од сите наведени состојки, го покриваме и го оставаме во фрижидер пола час.
2, Потоа правиме топчиња во големина колку цреша. Секое топче го увалуваме прво во белките, па во грубо мелените ореви.
3. Ги редиме во тава и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
4. Ги спојуваме со еурокрем.
5. Мене од оваа доза ми испаднаа околу 70 колачиња, односно околу 35 залепени со еурокрем.
Уживајте во нивниот вкус!
Лиценца: Сите права се задржани
Се надевам ќе ги направиш, нас ни беа превкусни
Поздрав и ти благодарам :)
Ги правам барем еднаш во 10 дена...периодов дома ни се хит :)
Поздрав до вас и секое добро