Нашата омилена, есенската убавина. Времето на ценетата тиква. Денес ве честам со оваа вкусотија.

Подготовка:

1. Јаболкото, компирот, тиквата и морковите ставете ги да се варат. Лукот и кромидот исецкајте ги и запржете ги. Штом ја добијат стаклената боја, отстранете ги од оганот.
2. Варените зеленчуци, додадете ги во садот кај лукот и доставете им ја водата во која се вареа.
Отприлика околу 1 литар вода. Зачинете добро, по свој вкус, а потоа испасирајте ја добро смесата.
Ќе добиете убава кремаста чорба.
3. Распоредетеја во садови каде ќе ја служите. Во секоја чинија ставете по една лажица грчки јогурт да ви го дозбогати и онака прекрасниот вкус.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови