Крем тарталети со овошје
Ставете ги сувите состојки во блендер и измешајте ги. Додадете го путерот ладен и исецкан на листови и повторно изблендирајте. На крај додадете го сокот од портокал, кој можи да варира за 1 лажица во зависност од брашното и изблендирајте да добиете мазно глатко тесто, кое ќе го домесите убаво откако ќе го извадите од чашката за блендер.
Премачкајте со путер 6 калапи за тарталети и обложете го во нив тестото.
Печете ги во загреана рерна со вентилатор на 200С до 15 минути.
Откако ќе се извадат од рерна, со помош на лажичка направете повторно длабини во тарталетите, па оставете ги да изладат пред да ги извадите од калапчињата.
За тоа време спремете го кремот. Изматете ги со помош на жица киселото и конденизраното млеко, па додајте ја аромата. Желатинот спремете го спрема упатството и вмешајте го во кремот.
Оригиналниот рецепт е без желатин, па кој не сака можи да го спреми од 600 мл добро исцедено кисело млеко со 150 мл кондензирано, во кое се додава 1 лажица ликер од портокал.
Наполнете ги тарталетите со крем. Одозгора наредете ги со цреши или друго овошје по желба и прелијте ги со преливот за торти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови