Ова е француски рецепт за крем супи, кој го добив од мојата тетка. Вкусот е прекрасен, а подготовката не е комлицирана. Ако се следат чекорите, лесно се подготвува, само треба малку време и трпение, за да се добие посакуваното!

1. Зеленчуците се варат заедно, предходно излупени и исецкани на исти димензии, за да се сварат истовремено.
Брокулата не се вари, таа се става на 5 мин пред крај, само да се обари и омекне.

2. Од сварените зеленчуци, 1 морков и 1 цветче брокула се тргаат на страна, а остантите се прецедуваат и се оставаат малце да оладат.

3. Во две посебни тенџериња се делат компирите на 2 еднакви половини, истото се прави и со целерот, пашканатот и кромидот.
Во едното тенџере се ставаат морковите, а во другото брокулата.

4. Се додава пилешки бујон, одприлика колку да се прелие зеленчукот. Потоа се блендираат со рачен блендер.

5. Добиената густа каша полека се разредува со пилешкиот бујон и треба да добие густина, како јогурт.
Во крем супите се додава по 1 лажичка сол, 1 лажичка сушен зеленчук и црн бибер.
Пилешкиот бујон се додава постепено и со постојано мешање, за да не се разреди многу крем супата.
Постапката се повторува за двете крем супи.

6. На крај во нив се додава по 25 гр путер и се ставаат малце на оган, да провријат.

7. Во крем супата со морков се додава обарениот морков, тенко исецкан на крукчиња, а во крем супата со брокула се додава обареното цветче од брокула, ситно сецкана, за шмек на супата.
На крај крем супите се тргаат од оган и во нив се додава ситно сецкан магдонос.

*Совети- Бидејќи за подготовка на крем супата, потребно е и пилешка супа или бујон, која ќе даде збогатување на вкусот на крем супата, јас најчесто варењето на зеленчукот го комбинирам со цело пиле и добиената процедена течност, ја користам потоа за подготовка на супата.
-Доколку сакате крем супите да ви бидат вегетријански, во тој случај користете ја само течноста од варениот зеленчук и зачини по избор.
-Во крем супите може да се додаде и малце пилешко месо, изблендирано заедно со зеленчукот кој ќе му даде посебен шмек.

Декорирање и послужување на крем супите

Бидејќи супите се со контрасни бои и различни вкусови, може лесно да се игра со боите при послужување.

Примери за послужување има на фотографиите во прилог.

Се надевам дека ќе ви се допаднат!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови