29
мај
2019
Крем салата со ориз и грашок
Многу вкусна кремаста салата која е едноставна за подготовка.
1. Оризот се вари на стандареден начин околу 12 минути во посолена вода. Се цеди и се остава да се излади.
2. Грашокот и пченката се варат и се додаваат во оризот.
3. Се додаваат мајонезот и павлаката и се убаво се меша.
4. Салатата се декорира со неколку зрна капари.
Салатата е многу повкусна кога е добро изладена, барем еден час во фрижидер.