Крем пасти со кокос и јагоди
Повторно рецепт од ризницата на мајка ми кој е омилен на мојот брат. Рецептот претрпе измени, но како ќе го објаснувам начинот на подговотка така ќе ги наведам измените и оригиналниот рецепт.
Чекор 1
Шеќерот, густинот и околу 100 милилитри од млекото се мешаат заедно. Се додава концентратот од ванила. Остатокот од млекото се загрева и се вари како пудинг со постојано мешање на смесата за да не настанат грутки. Го оставаме густинот да се олади. Правиот рецепт се прави со 7 супени лажици гриз и не се додава концентрат од ванила.
Чекор 2
Со миксер се матат сите состојки од тестото. Се става во подмачкан плех и се реди чоко стоби флипсот. Во правиот рецепт тестото се дели на два дела каде наместо чоко стоби флипсот, во едниот се става 2 супени лажици какао (се става белиот, па црниот дел од тестото). Со чоко стоби флипсот колачот добива поинтересен изглед, особено за деца. Се пече на температура од околу 180 степени. Тестото се попрскува со растворен мед во топла вода.
Чекор 3
Откако добро ќе се олади густинот се додава кон веќе добро изматениот путер. На крај се додава кокосот. Основниот рецепт е без кокос.
Чекор 4
Врз тестото се става филот и одозгора се редат јагоди. Кај основниот рецепт се реди пола фил, се остава во фрижидер малку да се стврдне, се премачкува со мармалад од кајсии, и се додава остатокот од филот.
Практикувам кога е сезона на овошје што го користам за готвење обавезно да замрзнам неколку ќесички за да си имам преку целата година.
Доколку сте љубител на кремасти колачи, тестото печете го во класичен плех (оној што доаѓа со шпоретот) и направете дупла доза од филот.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани