Крап на кромид и суви сливи
Повторно стар прилепски рецепт од ризницата на баба ми, пренесуван на три генерации. Едноставен за подготовка, а многу голем деликатес.
Чекор 1
Кромидот се сецка. Се пропржува на тивок оган со масло по потреба додека да се добие карамелен стаклен изглед на кромидот. Тавчето се трга на страна и се додава црвениот пипер.
Чекор 2
Се чисти крапот. Му се отстранува главата. На едната страна, која подоцна ќе биде поставена нагоре во тавата се засекува. Се посолува одвнатре и надвор со сол и мешан сув зачин.
Чекор 3
Се попаруваат сувите сливи со врела вода за убаво да се измијат и веднаш се процедуваат. Се става во тавата кромидот, па крапот и од страната се редат сувите сливи. Се додава водата и се става по вкус сол и мешаниот сув зачин.
Чекор 4
На почеток се пече на температура од 220 степени, а подоцна се намалува на 180 - 200 степени во зависност од јачината на Вашата рерна.
Оди одлично со чаша бело вино.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
bravos za receptot